Жителите на Ченто добија летниковец и ново детско катче

Заврши изградбата на новото детско катче за жителите од Ченто, а воедно беше направено уредување на просторот со поставување на нов летниковец.

-Општината добива нов лик. Се градат детски катчиња, се поставува урбана опрема. Во периодот пред нас и во останатите населени места ќе продолжи изградбата на нови детски забавни катчиња, информира градоначалникот Бобан Стефковски.