Зеленило, див свет, чиста вода и воздух се само мал дел од работите кои го прават ова месот посебно и неодоливо за посетителите. Недопрената природа во овој дел од кањонот ќе направи да си помислите дека не сте на ова парче земја, ќе ве остави без зборови. 

Малку познат факт за ова езеро е дека најпосетуваната атракција на овој кањон т.е. пештерата Врело се наоѓа точно на средина по должината на езерото, па така и повеќето немале прилика да појдат подалеку од оваа точка за да ја видат другата страна каде ги нема тие неприродни звуци од моторизираните кајчиња кои движат константно низ целиот кањон. 

Ова езеро се полни од реката Треска која претходно го полни нашето најголемо вештачко езеро Козјак и во средина помеѓу овие две езера на уште еден потег во должина од 10 километри се протега ново креираното езеро од браната Св. Петка. Доколку никогаш не сте имале прилика да го посетите овој дел од кањонот, нашето искуство успеавме да го документираме со камера, па на вас единствено ви преостанува да уживате заедно со нас. 

Извор: Кaras4training.com