„Здравството во Битола го допре дното“- ова стои на лекарски упат издаден на пациент

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски објави интересна фотографија од лекарски упат направен од Клиничката болница во Битола за болницата во Прилеп каде се препраќа пациент за поставување на катетер.

Во упатот во делот кај упатството за понатамошно лекување е напишано следново:

„За срамота, при 10 хирурзи во во Клиничката болница во Битола се праќа пациент во Прилеп за поставување на катетер на пациент со ретенција. Крајно време е директорот да си превземе мерки и повеќе да не се случуваат вакви работи.

Здравството во Битола го допре дното“