Затвореници во Идризово се степале за името Република Македонија

Во полуотвореното одделение на КПУ Идризово се степале затвореници по што едниот завршил во болница, а другот во самица. Според извори од затворот, тепачката се случила поради кавга за името Република Македонија, јавува порталот Досие.

 

Во кавгата дали да се смени името едниот затвореник му рекол на другот дека името не е за поткусурување и продажба за политички цели. Но вториов возвратил со пцовки и навреди за фамилијата на затвореникот.

Сведоци на кавгата биле затвореници и стражар и отпрвин никој не реагирал. Но кавгата се вжештила и едниот затвореник влегол во канцеларијата на стражарот каде пцуењето продолжило. Тогаш едниот замавнал со бокс, но навредениот успеал да се отргне и да возврати. Бранејки се, со еден удар успеал да го
собори затвореникот.

Натепаниот бил однесен во болница каде му е санирана скршеница на носот, а затвореникот кој се бранел завршил во самица. Според извори од затворот неговата здраствена состојба не е добра, одбива да јаде и пие и веќе има покачена температура.