Започнува летната скопска шема во кафулињата

Град Скопје ги известува сите корисници на јавни површини за вршење дејност надвор од деловен простор дека летната сезона за оваа дејност и поставувањето урбана опрема почнува од 01 април и ќе трае до 31 октовмри 2016 година.

Заинтересираните корисници на јавни површини за добивање на Одобрение за поставување на урбана опрема и Одобрение за вршење на дејност надвор од деловен простор во летната сезона 2016 своите Барања треба да ги достават во архивата на Град Скопје до 30 април 2016 година.

По доставениот доказ за исполнетите обврски кон Градот и Општините, Град Скопје се обврзува во рок од 5 работни дена да издаде Одобрение за вршење на дејност надвор од деловен простор и Одобрение за поставување на урбана опрема, во согласност со Одлуката за утврдување на стандарди за поставување на времени објекти и урбана опрема на подрачјето на град Скопје (сл. гласник на Град Скопје бр.3/10, 3/11, 18/11, 11/14 i 16/15). По завршувањето на овој период Барања нема да се примаат.