За татко ми кој го одбра алкохолот наместо мене: Се надевам дека еден ден ќе најдеш мир...

Мене ми требаше татко, но тебе ти требаше алкохол.

Никогаш не побарав да бираш помеѓу алкохолот и мене, но ти сепак одбра. Одбра да пиеш... Можеби ти не го сфати изборот кој го направи. Јас сигурно не го сфатив. Но, ти го направи тој избор уште од првиот ден, а тој избор не бев јас.

Најтажното е тоа што јас те одбрав тебе. Цело време бев до тебе и кога ти беше најлошо и за мене ти беше целиот свет. Ах, само да беше таткото кој знаев дека можеш да бидеш.

Никогаш нема да треба да ја платиш цената за твојот алкохолизам, затоа што јас ја плаќам за тебе.

Јас поради тебе станав личноста која сум денес. Никогаш нема да дознаеш за штетата која ми ја направи. Каде беше кога ми требаше?

Кога паѓав и кога ми требаше тато да ме подигне, тебе те немаше никаде. Секогаш кога ќе добиев удар од животот, мене ми требаше татко.

Тато, јас секогаш бев на твоја страна. Зарем не го гледаш тоа? Јас бев твоето девојче, најголемата татина принцеза на светот. Зарем не знаеше дека ти се восхитував?

Само да го оставеше пивото доволно долго за да ми покажеш како треба да изгледа љубовта. Не можеше да останеш трезен доволно долго за да ми покажеш дека вредам повеќе отколку што мислам.

Ми требаше татко кој немаше да ми дозволи да им дозволувам на мажи да ме газат и да ми го кршат срцето.

Јас  се давев и ти можеше да бидеш мојот спасувачки брод. Ми требаше, а ти не го ни знаеше тоа. Зарем не ти се кршеше срцето кога гледаше како моето се крши?

Можеше да ми покажеш дека љубовта не треба да биде отровна и дека не треба да боли. Но, едноставно секогаш беше жеден за уште една чашка. Твојот ум беше заматен од алкохолот, ти не можеше да ме видиш ни мене.

А сега, можеш ли да ме видиш тато? Слушам дека сега си трезен. Не знам колку долго ќе трае ова, но среќна сум за тебе. Се надевам за доброто на мајка ми и твоите две мали внучиња дека навистина си се откажал.

Кога твојата внука ќе почне да расте, се надевам дека ќе бидеш тука за неа на начинот на кој никогаш не беше за мене. Се молам дека ќе и покажеш како треба да изгледа љубовта. Да ја научиш дека заслужува добро момче. Да се осигураш дека секогаш ќе знае колку вреди и дека никогаш нема да се чувствува дека е доволно добра.

Се молам таа никогаш да не помине низ искуството да гледа како го бираш алкохолот наместо неа. Можеби ако за неа ја оставиш чашката, ќе ја спасиш од скршеното срце кое јас се уште го лечам дури и откога пораснав.

Кога ја гледаш внука ти, мисли на мене.

Мисли на тој деструктивен циклус кој го развив со моите врски, солзите кои ги леев, а ти не беше тука за да ги избришеш и сите лоши навики кои ги научив од тебе.

Мисли на моите проблеми со мажите.

Секогаш ќе те сакам. Ти беше мојата прва љубв, но и моето прво скршено срце. Ти беше скршеното срце кое беше извор на сета болка во мојот живот.

Тато, само сакав да ја спуштиш пијачката на маса...