Одделувањето од некоја личност која ни значи е многу тешко, а особено тоа се однесува на најдобрите пријатели. Тоа е така бидејќи со нив ги споделуваме најубавите спомени од детството, тинејџерските години и сите убави моменти од нашето растење и созревање.

Но, кога еден пријател ќе реши да нè исклучи од својот живот како никогаш да не сме постоеле. Тогаш сме лути, повредени, не разбираме зошто. Се прашуваме колкав дел од тоа е наша вина и дали можеме да ги поправиме работите.

Највеќе од сè, чувствуваме носталгија. Се сеќаваме на убавите спомени. Иако пријателството е завршено, спомените остануваат со нас. Таа личност е дел од нас и ни помогнала да станеме онакви какви што сме денес. Заедно растевме, созревавме и учевме едни од други.

Понекогаш имам многу бес во себе, не требаше да биде вака. Но, никогаш нема да кажам ништо лошо за мојата најдобра пријателка. Без оглед на сите нешта, таа останува мојата омилена личност во овој свет. Ниту една нова личност која ќе ја запознаам нема да ја добие титулата „најдобра пријателка“ никогаш.

Се прашувам некогаш зошто работите тргнаа во овој правец. Дали ѝ недостигам, понекогаш како таа што ми недостига мене. Верувам дека имаше силна причина да го направи тоа, да ме исклучи од нејзиниот живот, но морам да ги прифатам работите такви какви што се.

Сакам да и се заблагодарам за тоа што беше до мене кога никој друг не беше.

За тоа што ми помогна да стекнам самодоверба и самопочит.

Секогаш ќе ги ценам миговите поминати со неа и ќе се сеќавам на нив со топлина во срцето.

Нашето пријателство за мене беше целиот свет.