За жал никогаш нема да ја заборавам таа вечер. Таа вечер кога паднав на твојот хумор и на твоите шеги. Ти ми го преврте светот како никој досега. И не мислам дека тоа го правеше на добар начин. Толку многу му недостасуваше на моето срце, додека ти одеше и бакнуваше други девојки, а јас мислев дека и јас ти недостасувам на тебе.

Но, нема да ми недостасува твоето исмевање со кое како да сакаше да кажеш дека ништо не е доволно добро и постојано ми приговараше дека сум слаба и дека немам облини. Дефинитивно нема да ми недостасуваат ужасните работи кои ми ги правеше зад грб со други девојки, додека јас лежев во кревет, радувајќи се на нашата следна средба.

Ниту пак чувствата кои ми се појавија поради тебе, никогаш повторно не сакам да ги имам тие чувства.

Се надевам дека никогаш повторно нема да се однесуваш кон друга девојка како што се однесуваше кон мене. Се надевам дека следната девојка ќе те направи подобар човек, бидејќи е очигледно дека јас бев неуспешна во тоа поле.