Еј, ти, заради тебе, другарка ми не верува никому, се плаши од сите и пречесто плаче. Ти ја повреди најпрекрасна личност која некогаш ќе ја запознаеш. Ти ја разочара, распарчи и емотивно ја уништи најдобра личност која некогаш би можела да те сака.

Иако таа вели дека е добро, ич не е добро.

Ти и направи лузни кои се длабоки. Ти создаде кај неа несигурности кои прават да се мрази себеси, да се преиспитува себеси и да се чувствува безвредно. Таа е прекрасна, а сепак потребни и се постојани потсетници за тоа колку е навистина убава.

Но, јас не сум тука за да те просветлам што и направи. Сакам да ти кажам што не можат да одземат твоите зборови и раце.

Не можеш да го одземеш тоа колку е посебна. Таа има начин да направи луѓето да се смејат и тоа е заразно. Не можеш да и ја одземеш нејзината смисла за хумор. Нејзините шеги се искрени, смешни и точни.

Таа е несебична, грижлива и искрена. Кај неа нема маски. Таа зборува искрено, кога љуби, љуби со целото срце и секогаш знае што сака да каже.

Дури и кога е најслаба, таа е храбра. И покрај тоа што и го направи, таа секогаш ќе биде на врвот, онаму каде што припаѓа. Таа е убава и одвнатре и однадвор.

Таа е автентична и силна. Таа ќе оди низ најдобрите и најлошите денови во животот без да очекува нешто од некого. Таа слуша и сочувствува.

Ти не победи. Всушност ти си тој кој изгуби. Ти изгуби девојка која го прави овој свет подобро место за живеење. Ти изгуби борец, љубовница, девојка која се смее, шегаџика, прекрасна, паметна, разбрана и добра личност.

На одреден начин треба да ти се заблагодарам што ја откачи затоа што ти никогаш и не ја ни заслужуваше да ти кажам право.

Таа треба да знае колку е посебна. Едно човечко суштество да биде толку несебично и се уште да се грижи дали е себична, тоа е неверојатно нешто. Таа е светлина во најтемните делови и има сила на суперхероина.

Никогаш повеќе нема да се помири со нешто помалку од совршено, затоа што тоа е она коешто таа го заслужува.