За девојката која премногу се труди...

Те гледам како трчаш наваму-натаму. Гледам како твојот ум постојано работи, дури и кога телото мора да запре за момент. Те гледам.

Седни. Одмори. На крајот на денот си толку истоштена, ден по ден, ден по ден... тоа никому не носи корист. Знам дека даваш се од себе. Знам дека сакаш да го оствариш твојот потенцијал. Знам дека сакаш да промениш нешто и да го смениш светот и залудно да не го трошиш својот живот.

Сфаќам дека се сомневаш самата во себе и мислиш дека немаш поим што правиш и дали воопшто ја правиш вистинската работа. Но, да правиш нешто е подобро отколку да не правиш ништо, така?

ПОГРЕШНО! Тоа е едно од најголемите разочарувања со кои ќе се соочиш. Трчањето во кругови нема да те однесе поблиску до местото каде што сакаш да бидеш. Тоа само ќе те измори и конечно ќе те уништи. Сосема е во ред да најдеш задоволство во овој момент отколку да ја планираш иднината.

Знам дека сакаш да им угодиш на сите, наместо да се направиш себеси среќна. И знам дека сакаш се да направиш како што треба, да живееш среќно и мудро.

Само сакам да знаеш дека одлично ти оди и се гордеам со тебе. Но, знај го ова и запамти една работа: Имаш време. Не им верувај на лагите дека мораш да направиш се и мораш да го направиш одма и сега. Тоа се чисти глупости кои ќе те исцрпат, ќе направат да полудиш и ќе те омалат.

Добро е одвреме-навреме да направиш пауза. Сакам да те видам како се забавуваш и се опушташ. Да земеш здив. Доволно долго за да си ја разбистриш главата. Грижата за себе е божествена одговорност. Не можеш да го дадеш тоа што го немаш.

Сакам да видам како живееш живот без трчање и постојана работа. На твојот живот му е потребен баланс: малку работа, малку забава.

Ќе постигнеш прекрасни работи, драга моја. Го знам тоа. Слави ги твоите постигнувања и победи. Запишувај ги убавите работи. Учи од грешките  и примени ги во твојот живот. И следи си го напредокот, затоа што одлично напредуваш! Ветувам дека светот ќе продолжи да се врти дури и кога ќе здивнеш малку.

Верувај ми, на крај се ќе биде добро, а ако не е добро, очигледно не е крај. Крени ја брадата инаку круната ќе ти падне.

Секогаш навивам за тебе!