Што да кажам и да направам за да сфатиш дека не си виновна поради тоа што тој си замина? Не е поради тоа што си била досадна или затоа што не си била добра во кревет. Не е поради тоа што си била лоша или љубоморна. Не е поради тоа што не си убава или затоа што не си секси.

Тој си замина затоа што сакал да го направи тоа, затоа што едноставно не е навикнат да биде со добри девојки и не знае како да биде сакан, не знае како да се справи со сите тие чувства. Тој си замина затоа што ти си жена за која е потребен труд, жена која го предизвикуваше, која поставуваше прашања, која не се плашеше од сопствениот глас.

Ти не си виновна за неговите несигурности. Ти не си одговорна да го поправиш неговото минато. Ти не си виновна за тоа што како тој се справува со траумите од претходните врски. И што и да му се случило, тоа не значи дека тој има право да се однесува така со тебе.

Тој се обиде да те убеди дека тој ти е потребен на тебе и дека му припаѓаш – но тоа не е така.

Тој се смееше кога тебе ти се плачеше и го превртуваше секој твој збор.

Тој ги исмеваше твоите чувства и твојата љубов.

И затоа верувај кога ти кажувам дека ТИ НЕ СИ ПРИЧИНАТА ПОРАДИ КОЈА ТОЈ СИ ЗАМИНА.

Ти не си причината поради која тој беше несреќен, поради тоа што тој ќе биде несреќен и со следната девојка и со таа по неа, затоа што тој никогаш нема да биде среќен сам со себе, па така нема да биде среќен и со друга девојка покрај себе. Ти не си причината поради која тој е таков каков што е.

Со текот на времето, неговото лице ќе избледи од твојот ум. Тој ќе биде само една приказна која ќе ја раскажуваш на твојата ќерка за да ѝ објасниш дека не смее да дозволи никој да се однесува така со неа.

И на крај ќе сфатиш дека ништо не се променило. Ти ќе најдеш некој кој едвај ќе чека да те сака и да ја почувствува твојата љубов, а тој секогаш ќе обвинува некој друг за неговите проблеми и никогаш нема да најде спокој и мир внатре во себе.

Затоа, главата горе девојко!