За да излезе од паркинг, а да не плати, со „бмв“ тргна преку тротоар и зеленило

Граѓаните се револтирани затоа што дел од несовесните возачи не ги почитуваат сообраќајните правила, а сега на удар е еден возач на „бмв“ кој не сакал да плати паркинг.

На групата „Ѕид на сообраќајниот срам“ беше објавена фотографија од прекршокот на возачот.

-За да излезе од паркинг, а да не плати, со „бмв“ тргна преку тротоар и зеленило, удри во билбордот, па во дрвото (се гледа), па во зеленото столпче, ја изгреба колата од неколку страни и замина !!! Да побараше ќе му позајмевме пари“, се вели во објавата.