Врв на политичка имбецилност и понижување на народот - Рокот се ближи, револтот за новите лични докумети не стивнува

Социјалните мрежи, се чини, се единственото место каде граѓаните може да го искажат својот револт што со сопствени средства мора да ги менуваат личните документи, со новото име на државата, а притоа да се малтретираат дополнително. Најреволтирани се оние кои, иако ги сменија документите, пред неколку години, а сепак, поради пропусти и тендери, ги добија со старото име на државата. 

На оваа тема својот револт го искажа и Андеј Сених, активист кој инаку е извршен директор на Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – „Заедно посилни“. 

- Иако многумина граѓани чувствуваат дека промената на името на државата е некакво понижување, со повеќе аргументи може да се аргументира дека не е. Но, вистинското понижување е ова. Се разбира, само еден од многуте примери. Граѓаните се понижувани од нивните инститции, од луѓе што тие самите ги издржуваат. И секако од неспособни власти. Да потпишеш договор дека за 5 години ќе ги смениш сите документи за лична идентфикација и да продолжиш уште две и пол години да издаваш документи со старото име на државата. А потоа, знаејќи колку емотивно прашање е промената на името за голем дел од граѓаните, да се изживуваш со тоа што повторно ќе им наплаќаш од џеб за да извадат документ со новото име и плус да ги изложуваш на ваков хаос и тортура. Што е тоа ако не врв на политичка имбецилност?  - порача тој на својто фејсбук пробил.