Вооружен грабеж во обложувалница во Скопје

Во спортска обложувалница лоцирана во Скопје на крстосницата од бул. „Никола Карев“ и ул.„Рифат Бурџевиќ“, вчера околу 11 часот непознат маскиран сторител извршил разбојништво над вработената и со закана со пиштол одзел пари од дневниот промет, по што побегнал во непознат правец. 

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.