Во текот на утрешниот ден ќе преовладува облачно време со кратки сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд, наместа ќе бидат проследени и со ретки грмежи.
Локално особено западните и северозападните делови на земјава врнежите ќе бидат пообилни, каде се очекува да наврнат над 25 литри на м/2 воден талог.
В среда сеуште ќе има врнежи од дожд, но се очекува да бидат послаби и локални.
Потоа следува период на стабилно и суво време.