Во теков на месецов се очекува да почне исплатата на Мој ДДВ за последното тромесечие од 2023

Во текот на овој месец се очекува да пристигнат парите од Мој ДДВ на сметките на граѓаните кои скенираат фискални. Според законот УЈП е должна средствата да бидат исплатени во рок од 60 дена по завршување на тромесечието односно во случајов за октомври, ноември и декември минатата година.

Властите проектот „МојДДВ“ го сметаат како еден од најуспешните, зошто преку оваа мерка на сметките на граѓаните им легнале околу 120 милиони евра.