Приближно осум илјади работни места им се нудат на невработените лица во земјава во претпријатија кои работници бараат преку Агенцијата за вработување.
И покрај тоа стапката на невработеност во Македонија се уште е висока и според последните објавени податоци изнесува 22,6 проценти.
Од она што најмногу се бара на пазарот на труд се продавачи и работници во преработувачката индустрија, но и градежни работници и во финансиската дејност. Во евиденцијата на Агенцијата за вработување работа бараат вкупно 96.728 лица, од кои поголемиот дел се машка популација. Работодавачите, сепак, се жалат дека не можат да најдат работници.