Во Македонија никој не сака да работи како продавач – околу 8000 слободни работни места во Агенцијата за вработување

Приближно осум илјади работни места им се нудат на невработените лица во земјава во претпријатија кои работници бараат преку Агенцијата за вработување.

И покрај тоа стапката на невработеност во Македонија се уште е висока и според последните објавени податоци изнесува 22,6 проценти.

Од она што најмногу се бара на пазарот на труд се продавачи и работници во преработувачката индустрија, но и градежни работници и во финансиската дејност. Во евиденцијата на Агенцијата за вработување работа бараат вкупно 96.728 лица, од кои поголемиот дел се машка популација. Работодавачите, сепак, се жалат дека не можат да најдат работници.