Внимавајте во каква вода се капете - очните клиники полни со пациенти

Со инфекција на очите после капењето во базен или други неистечни води по неколку пациенти дневно бараат лекарска помош на очната клиника.

Според офталмолозите со затоплувањето на времето се зголемил и бројот на вакви случаи. Сите имале исти симптоми и биле амбулантски третирани.

- Црвенило, чешање или оток ова се најчестите симптоми при инфекција на очите, изјавија од Клиника за очни болести.

Фекалиите, потта и нечистотијата што капачите ја внесуваат во водата се најчестите причини за добивање на инфекции на очите. Најопасна, според лекарите е бактеријата хламидија која често ја има во базените. Таа предизвикува сериозни инфекции и во некои земји има случаи каде со ваква бактерија може да дојде до слепило,

- Оваа бактерија се знае дека ги напаѓа гениталиите и очите. Тие се двата органи од телото кои се на удар од оваа бактерија, вели лекарите.

За да се избегнат копликации на очите се советува задолжително полсе капењето во базен лицето да се измие со чиста вода од тушевите.