Вниманието или подарокот за 8 - ми Март – што е поважно

Во пресрет на 8 ми март продавниците за чанти, часовници, накит и парфимерии имаат најголема заработувачка.

Трендот секоја година се менува, а него највеќе го следат учениците кои покрај цвеќе за наставничките и професорките купуваат ваучери за спа, чанти, обетки, паричници. Според  законот за вработени во јавниот сектор, наставниците но и јавните службенички не смеат да примат подарок кој чини повеќе од 1000 денари. Дали е важно вниманието или цената на подарокот ги прашавме граѓаните на цветен пазар.

Родителите одговараат на барањата на нивните деца, велат тие сами се договараат и нам ни кажуваат колку пари се  договориле да собираат од класот.

Продавачите на цвеќиња се жалат дека од година во година опаѓа побарувачката на цвеќиња. Најчесто се купува за фирми

Измените во законот се донесени од пред две години но до сега нема информација дали некој просветен работник или јавен службеник е казнет поради не пријавување на скапи подароци. Во законот стои, доколку подарокот доаѓа од исто лице не смее да надминува повеќе од 3000 денари во една година, па така останува не јасно дали заедничките подароци се смеетаат за подарени од едно лице или пак сумата ќе биде поделена согласно со бројот на ученици кои учествуваат во собирањето на пари.