Вистината за самохраните мајки...

Да почнеме од почеток.

Јас сум самохрана мајка. Со оглед на тоа дека тој збор секогаш ми одел на нерви, еден убав ден одлучив да станам Супермајка. Затоа што мајките кои се сами се токму тоа, супермајки со многу раце кои сѐ прават сами. И затоа што тоа звучи поубаво и помоќно од вообичаениот израз – самохрана мајка.

Станав Супермајка поради околностите во кои се најдов. Денес, кога некој би ме прашал што би направила кога пред шест години би била ставена да избирам – не знам што би одбрала.

Шест години функционирам како суштество со осум раце и факт е дека се навикнав на ова мое темпо. Сите одлуки ги носам сама и стојам зад нив. Не морам да прашувам за дозвола, ниту за помош. Иако реално, на помош не ни можам да сметам. Сѐ планирам како да сум препуштена сама на себе, а најчесто и сум.

Дали беше лесно? Не, воопшто. Се чувствував напуштена и беспомошна. Болеше. Нема човек кој не страда кога конечно ќе ја сфати вистината и сфати вистината потполно се разликува од онаа вистина во која тој верувал.

Тоа чувство на страв, тага, осаменост... Сигурна сум дека не сум единствената која поминала низ тоа, но јас не сакав да го покажам тоа. Од сите ја криев својата беспомошност и осаменост. Се криев зад сите обврски, одев со исправена глава и се преправав дека животот ми е под контрола. Кога моето дете ќе заспиеше, плачев до изнемоштеност, затоа што не сакав да ме слушне како плачам. Никој не смееше да ме види таква, се криев зад шминката и ставот „Јас сум силна и независна“.

Во мојата глава 100 пати го претресував сопствениот живот, своите постапки и своите грешки. Се сомневав во својот ум и на крај ја доведов во прашање и сопствената вредност. Тој момент кога ќе се запрашате дали некогаш сте донеле барем една добра одлука и дали овој единствен живот би можел да биде поинаков, подобар, повреден.

Сите сме поминале низ ова, сигурна сум во тоа. Вредевме онолку колку што другите нѐ проценуваа, се однесувавме како да мислиме дека мораме да бидеме прифатени. А факт е дека самохраните мајки не се секогаш и секаде прифатени и сфатени. Факт дека е секогаш кога ќе се појави мајка со дете, општеството очекува и прашува: „А каде е таткото?“ И факт е дека поради тој став, поради тој однос, самите мајки со години се преиспитуваат себеси и ги поттиснуваат работите што ги мачат.

И јас бев една од нив.

А вистината е следната:

Животот не дава никакви гаранции дека ќе биде лесно, убаво или нормално. Ќе биде онака како што ќе биде, лудо, тажно, неверојатно, досадно, фантастично. Ќе биде онака како што ние ќе одлучиме и никако поинаку. Затоа што никој, освен ние самите, нема право да го проценува нашиот живот, нашите пропусти, нашата среќа или несреќа.

Ќе вредиме онолку колку ние ќе одлучиме дека вредиме. А ќе живееме онака како што ќе решиме. Тажно или со исправена глава.

Секоја од нас е изузетно вредно човечко битие:

Нашите ставови се важни, затоа што такви какви што сме, баш такви, воспитуваме мали луѓе и ги водиме низ животот.

И заслужуваме сѐ најдобро, заслужуваме почит и внимание кои никој, ама баш никој нема право да ни ги одземе.

cheap nike air max 90