Вистината за луѓето кои сакаат силно

Луѓето кои сакаат силно немаат копче за своите емоции, за своите срца. Тие не знаат како да престанат да сакаат и даваат постојано. Некој може да каже дека се наивни и глупави, но тоа е најубавиот дел од нив. Но, тие се секојдневно поведено.

Луѓето кои сакаат силно во себе имаат ураган од чувства. Тие ги оставаат срцата кај луѓето кои биле само нивниот повремен дом. Тие се оние кои би сакале да бидат поинакви, но не можат да направат избор. Тие не можат да си заминат така лесно, бидејќи кога еднаш ќе засакаат некого, тоа трае долго.

Луѓето кои сакаат силно ја носат сета љубов во овој свет. Тие се нежни души кои сакаат и сакаат силно. Ако не го почитувате тоа, ќе ги повредите. Но, кога ќе си заминат веќе нема да погледнат назад.

Не ја уништувајте нивната љубов.

Не ја уништувајте нивната надеж. Не бидете себични со нивните срца.

Сакајте ги или заминете си!