Колку и да ве лажат, вистината секогаш излегува на виделина

Таков е животот, не сака лажговци. Можеби не веднаш, но вистината секогаш излегува на виделина.

Лагите не траат долго, само треба да сте трпеливи. Луѓето кои мислат дека нè лажат, всушност се залажуваат себеси. Тие не можат да избегаат од вистината. Кога и да е, таа ќе ги стигне.

Планираат со денови или месеци, но на крајот сè се открива. Таков е животот.

Ако некој ве лаже, тоа повеќе говори за нив, отколку за вас. Ако откриете дека некој ве лаже, не и дозволувајте веќе на таа личност да биде дел од вашиот живот. Бидете среќни дека веќе нема да го трошите времето на некој кој не е искрен со вас.

Тие се порака од Бог, од животот, од универзумот дека не се сите луѓе со искрени и чесни намери. Тие се лекција какви луѓе треба да избегнувате, а кои да ги чувате до себе.

Не можете да ги смените луѓето, но тоа што можете да го направите е да не се обвинувате ако некој ве лаже и сака да ве повреди. Тоа е нивниот дел од приказната, но не и вашиот. Вашиот дел е довербата.

Тие губат вистински пријател, а што губите вие?