Видео: Тепачка во косовското собрание, пратениците го нападнаа Курти

На денешната седница на Собранието на Косово дојде до физичка пресметка меѓу претставници на владејачката Самоопределување и претставници на опозициските партии.

Како што јавуваат приштинските медиуми, инцидентот се случил за време на говорот на премиерот Курти.

Не е познато што точно се случило, но во еден момент премиерот Курти бил полеан со вода и почнале да се собираат пратеници по што настанала тепачка, пишува „Коха“.

Претседателот на Собранието, Гљаук Коњуфца, нареди полицијата да интервенира.