Видео од полициската акција во Арачиново: Запленети 150 килограми дрога

Над 100 килограми дрога се пронајдени при претрес во дом кај две лица од Арачиново.

По налог на ОЈО полицијата вчера влегла објектитите на осомничените  каде се пронајдени 120 килограми марихуана и по 100 грама хероин и кокаин. Лицата сеуште не се приведени но против нив ќе бидат поднесени кривични пријави.

Нема детали дали лицата биле и порано кривично гонети за трговија и производство на дрога. Обвинителството наредило претрес по претходно добиени оперативни сознанија за случајот. Дрогата ќе се вештачи а откако МВР ќе изврши целосно документирање на пронајдените наркотични средства ќе соопшти повеќе детали за акцијата.