„Гори Ѓорче, гори Карпош, а Скопје се дави“, ова е насловот на видеото кое попладнево беше објавено на социјалните мрежи, а на кое се гледа дека сеуште гори голема депонија во општината Ѓорче Петров. Скопје Инфо и утрово пишуваше дека депонијата е активни и дека скопјани се разбудија со мирис на чад.
„Веќе втор ден како гори депонијата во Ѓорче Петров кај пречистителната станица во Ново Село.Два дена неподнослив мирис и смрдеа, а ѓубрето не престанува да се истура!“ се вели насловот на видеото кое е објавено на социјалните мрежи.