Вчерашното кратко невреме предизвика повеќе штети низ градот

Вчера, во попладневните часови Скопје беше зафатено од краткотрајно невреме, кое пак предизвика неколку штети на различни локации во градот. 

Во близина на Холидеј Ин, дрво падна и оштети паркирани автомобили. За овој случај извести градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, кој на Фејсбук напиша дека за среќа, нема повредени граѓани.

Во Кисела Вода, пак, спроти Расадник, во близина на Авто Македонија, избувна пожар, кој беше веднаш изгаснат поради брзата интервенција, но и интензивниот дожд. Според луѓе кои живеат во тој реон, се работи за удар на гром. Овој пожар не предизвика големи штети.