Постот на скопјанец за цената на паркингот ги запали социјалните мрежи

Бура на реакции предизвика постот на еден скопјанец кој со семејството решил да го искористи убавиот сончев неделен ден и времето да го помине во градскиот парк. Но она што ги изненадило овој скопјанец кој како што вели и тој самиот е цената на паркингот во околу градскиот парк.

Околу реакциите на граѓаните на постот на изненадениот скопјанец можеме да видиме измешани коментари. Некои се согласуваат со него велејќи дека цените ни се се во согласност со нашиот стандард а има и други кои велат дека во парк не се оди со автомобил. Има и такви што коментираат дека ова е чиста кражба и дека треба да се изградат повеќе катни гаражи и дека зонското не го дава ефектот но има и такви граѓани кои прават споредба со европските метрополи каде паркирањето во центарот на градот е исто така скапо. Други му сугераат дека во недела не се наплаќа но на тоа одговор имаше дека на пример на Водно паркиног се наплаќа.

Ова се дел од реакциите на граѓаните:

- “На Водно мислам дека уште е поскап. И тоа само за викенд кога луѓето се слободни“

- “Ова е дури евтино. Во Центар карши Соборен храм е 250 ден“

- “Зошто паркинг местата во Скопје имаат различна цена. Дали постојат атрактивни паркинг места и помалку атрактивни паркинг места или алчноста за пари стана поголема од човечноста. Секој паркира таму каде што има потреба да заврши некоја работа и затоа сметам дека цената за паркирање било каде во Скопје треба да биде симболична и иста“

- “Во Дебар маало нема место за паркинг ни за нас што живееме таму,иако е само за резиденти.Неможе ни гости да ги пријавиш во ПОЦ за да паркираат.Опасно не стегнаа за пусти пари.Баш дојде живот за сите“.

Со оглед дека за тој дел од паркот односно улиците и паркирањето е надлежна и општина Центар тоа значи дека и цената на паркинг билетот е за речиси двојна од паркинзите кои се во надлежност на Град Скопје. Тука дополнителна тежина дава што паркирањето е во таканаречната прва зона каде 1 час се наплаќа по 70 денари. Овие цени иако за скопјнецот делуваат изненадувачки сепак не е нешто ново. Имено советот на општина Центар пред речиси една година донесе одлука за корекција на цените за сите зони. Според нивната класификација зоните се подели на три дела: Зона 0 која чини 100 денари, Зона 1 – 70 денари и Зона 2 – 60 денари. Од општината тогаш кажаа дека Со овие промени ќе се добие подобра организација на паркиралиштата и ќе се воведе поголем степен на контрола и ред во паркирањето на територија на општина Центар.

Но приматот за најскап паркинг во историјата на Македонија пак го држи Општина Центар. Тој се наоѓа позади “Дом на Градежници“, каде цената на чинење чини неверојатни 250 денари од час. Тоа е направено така намерно откако граѓаните од околните згради со години реагираа дека шансите да најдат паркинг во тој меѓу простор се еднакви на нула, па затоа општината реши да стави цена на паркингот толку висока за да направи дестимулација на паркирањето на тој простор.