Важно е да им простиме на другите, но никогаш да не ги заборавиме лекциите на кои тие нè научиле

Кога некој ќе ни го скрши срцето, првото нешто што го чувствуваме е гнев, огорченост, желба за одмазда и секако солзи, не можеме без нив.

Photo by Alvin Mahmudov on Unsplash

Но, со тек на време, учиме големи лекции. Само ако си дозволиме.

Има само еден начин да го излечиме срцето, а тоа е да им простиме на оние кои ни ги раниле срцата. Постојаното жалење само ќе ни наштети. Велат дека само повредените и оштетените луѓе можат свесно да навредат и повредат друг. Затоа, не им е лутете. Простете им.

Иако мотивите зад нивните постапки не се важни, важно е да им простите. Мора да им простувате не само на оние кои ве повредиле, туку мора да простувате и себеси. Не барајте го виновникот, разберете дека сè се случи токму како што треба. Дали можевме да промениме нешто? Сега веќе не е важно.

Важно е да научите лекција што требаше да ја научите одамна. Ако научите да им простувате на другите за нивните грешки, сигурно ќе најдете сила да си простите себеси. Простете си себеси, дури и ако буквално сте заглавени во оваа негативност. 

Сега многу добро знаете дека сè во животот нема секогаш да оди како што треба, научивте да ги прифаќате и контролирате своите чувства. Тргнете го каменот од душата, ослободете се од оптоварувањата и поплаките и продолжете понатаму. Ослободете ја негативноста како балон што ќе одлета над облаците.