Вардарки фаворитки за титулата во регионалната лига

Денеска и утре во СЦ Јане Сандански ќе се одржи фајнал-фор турнирот во женската ракометна регионална лига. 

Македонскиот шампион ЖРК Вардар ќе ја има улогата на фаворит, а овој турнир ќе биде одлична можност за подготовки за завршницата во Лигата на шампионките во Будимпешта

Покрај црвено-црните на Ф4 турнирот во регионалната лига ќе  играат уште и Будуќност, Крим и Подравка.

Распоред на натпревари

 Вторник, 25 април

15,30 ч. Вардар - Подравка

18 ч. Будуќност - Крим Меркатор

 Среда, 26 април

15,30 ч. Меч за 3 место

18 ч. Финале