Вардар со реми се враќа од Малме - Ова е голот на Николов (ВИДЕО)

Во рамки на квалификациите за Лигата на шампионите, македонскиот носител на трофејот, Вардар ремизираше на гостувањето кај Малме во Шведска (1:1).

Во првиот дел не беше постигнат ниту еден погодок, а резултатот го отвори Бобан Николов кој на асистенција на Балотели направи вистинска мајсторија во 63. минута.

Но во 75. минута стигна одговорот и од домашниот состав, кој до реми стигна благодарение на погодокот на Брорсон.