Вардар ја пречекува екипата на Висла Плоцк

В сабота во СЦ „Јане Сандански“ ќе се одигра реванш-мечот од осминафиналето на рекометната Лига на Шампиони. Вардар ја пречекува екипата на Висла Плоцк од Полска, со која претходно одигра нерешено (30:30) на гостувањето во Плоцк.

Натпреварот е закажан за 18 часот, а билетите се во продажба по цена од 180 денари за стоење, 300 денари за блоковите А1 и Б1. Билетот за трибините зад  головите е 300, додека централните трибини се по 400 денари.

Во составот се очекува да се врати рускиот репрезентативец Харбок, кој се повреди во финишот на групната фаза, во натпреварот против француски Монпеље. Тој се враќа од повредата во вистинско време со оглед на тоа што неговата замена, Филип Лазаров исто така се повреди и не е во состојба да игра за првиот тим.