Европскиот првак Вардар воедно и шампион во СЕХА лигата ја постигна и третата победа во новата сезона откако синоќа на домашен терен го победи Мешков Брест од Белорусија со 31-23.

„Црвено-црните“ водеа во текот на целиот натпревар, а гостите од Белорусија на еден негатива се доближија само во финишот на првиот дел 14-13.

Најефикасни кај Вардар беа Вуко Борозан со 6 голови и Иван Чупиќ со 5, Арпад Штербик имаше осум одбрани.

Ова беше првиот дуел од 3.коло, а денеска се игра дуелот Татран Прешов - Цеље. 

Утре се игра дуелот Металург - Нексе со почеток во 17:45 часот.