Утре комеморација за Беличанец во Драмскиот театар

Драмскиот театар најави дека ќе одржат Комеморација во чест на прерано починатата актерка и екс-градоначалничка, Билјана Беличанец.

Драмскиот театар ја најави Комеморацијата за нивната колешка во вторник во 10 часот.

„Огромна празнина останува во Драмски. Нашата Билјана Беличанец е неповторлива. Почивај во мир“, велат од нејзината матична куќа.

Скопската полиција во сабота добила пријава за смртта на актерката Билјана Беличанец. Како што информираа од МВР, нејзиниот сопруг пријавил дека во неговиот стан, го пронашол безживотното тело на неговата 45-годишна сопруга, која си го одзела животот.