Усвоен Буџетот на општина Ѓорче Петров за 2022 година, еве што предвидува

Советниците на општина Ѓорче Петров, го донесоа буџетот за 2022 година. Основниот буџет на општина Ѓорче Петров изнесува 586.346.647,00 денари, а вкупниот 907.185.634,00 денари.

-И покрај тековните обврски кои се рекордно високи со вредност над 230.000.000,00, а ги префрламе во 2022 година како буџетска, успеавме да изнајдеме простор да планираме нови средства кои ќе бидат во функција на сервисирање на секојдневните потреби на граѓаните, рече градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски. 

Предвидени се:

Дополнителни средства за планирање доградба на детските градинки Калинка и Рипчиња.

Проекти за доградба на 3 основни училишта

Реконструкција на кровот на ООУ „Страшо Пинџур“

За решавање на проблемот со водоснабдувањето во Кучково

За нови инфраструктурни зафати во делот на улици, канализациона и водоводна мрежа

За изградба на нови детски игралишта и за поставување нова урбана опрема

За подигнувње нови зелени површини

За реконстуркција на месните заедници

За дигитализација на општинската архива

За прв пат го регулираме ангажирањето на комуналните работници

За прв пат воведуваме субвенции за велосипеди од 150.000 денари

Даваме поголема поддршка за училишниот спорт, а ќе вложиме поголеми напори и за инклузија на лицата од сите ранливи категории.

-Генерално, 2022 година треба да биде година во која пред се финансиски ќе ја стабилизираме општината, а истовремено да излеземе во пресрет на потребите на граѓаните, порача Стојкоски.