Условна казна и препорака за медицинска помош за манијакот кој се самозадоволуваше пред девојки

Манијакот кој се самозадоволуваше во автобуси на ЈСП и пред влезови на згради, С.А. на рочиштето призна вина, по што доби условна казна и препорака за медицинска помош.

Неговата најмлада жртва е 19-годишна девојка, додека највозрасната имала 24 години, а за време на рочиштето судијката му кажа дека треба да им се извини на оштетените девојки.

- Признавам дека ги сторив кривичните дела, многу се каам, се извинувам, кажа обвинетиот.

Судијката го праша дали му е јасно дека треба да плати трошоци и отштета ако некоја девојка го побара тоа и дали доброволно ги признава делата.

- Јасно ми е, да. Со мозокот не бев добар, посочи С.А.