Улицата пред МОН е блокирана- протестираат студентите, препорака до возачите да го избегнуваат тој дел од градот

Во попладневните часови почна најавениот протест на студените кои револтирани ненавремената исплата на стипендиите и другите субвенција одлучија да го кренат својот глас против МОН.

Организатор на протестот е Универзитетското студентско собрание (УСС) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а имаат поддршка од државните универзитети „Св. Климент Охридски“, „Гоце Делчев“, „Мајка Тереза“, како и од приватните универзитети АУЕ-ФОН и Американ колеџ.

На овој протест им се приклучија и од организацијата “Студентски отпор“ каде закажаа протест во 16 часот но поради солидарност и масовност на нивните барања се решија да им се приклучат на организаторите од Универзитетското студентско собрание се со цел заеднички да се изборат за нивните права.

Инаку сообраќајницата пред МОН која сега е блокирана е една од пооптеретените во Скопје и затоа им се препорачува на возачите ако се во можност да го избегнат овој дел од градот.