Украина против Македонија во Киев

Младата фудбалска репрезентација на Македонија, за играчи до 21 година, својот натпревар против Украина во квалификациите за ЕП ќе го игра официјално на 27. мај на стадионот на Динамо Киев, „Валериј Лобановски“ во Киев.

УЕФА вчера го потврди датумот и местото на одигрување на натпреварот кој ќе стартува од 18 часот по средноевропско време.Натпреварот со Украина за нашите надежи ќе биде седми во квалификациската Група 3.

Украина досега има одиграно пет натпревари, со освоени само 4 бода. На првиот меѓусебен натпревар, Македонија во Скопје славеше со 1-0 против Украинците.