УХМР со временска за наредната недела: По пеколот повторно невреме

Изминатиот ден во Македонија врнело во Маврово, Лазарополе и Дебар. 

Сончево со мала облачност и со слаб до умерен североисточен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 33 степени. УВ=7.

Следува период на стабилно, сончево и топло време со мала до умерена облачност. Температурата ќе бидe во постепен пораст. Во среда кон крајот на денот и во четврток се очекуваат локални врнежи од дожд иблаго  опаѓање на дневната температура.