УХМР со најнова прогноза, еве какво време не очекува оваа недела

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека следува период на стабилно и се потопло време.

Дневната температура до сабота ќе биде во постепен пораст, но ќе се задржи во рамките на просек за овој период од годината.

-Најтопло ќе биде во сабота со максимална температура до 38 степени на југоистокот од земјава. Утре и во четврток во попладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста и услови за појава на краткотраен дожд и ретки грмежи, претежно на северот. Врнежи од дожд со намалување на температурата се очекуваат на крајот од викендот, информираат од УХМР.