Во сабота облачноста ќе се зголемува и ќе дува засилен јужен ветер. Попладне во западните делови ќе започнат врнежи од дожд. Кон крајот на денот и ноќта кон недела врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјава, а на повисоките места и планините ќе поминуваат во снег.

Пообилни врнежи ќе има во западните делови каде се очекува да наврнат над 25л/м 2 .

Во недела времето ќе биде студено со слаб до умерен северозападен ветер, а претпладне во западните и северните делови ќе има  повремени слаби врнежи од снег. Границата на снежните врнежи се очекува да се спушти и и до 500 м.н.в.

Снежната покривка на планините ќе се зголеми, а помала снежна покривка може да се формира и на некои повисоки места.

Во почетокот на наредната седмица ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со умерен јужен ветер.