Уапсен Турчин откако со лажна британска и шпанска виза сакал да влезе во Македонија

Вчера во 10.10 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, бил приведен О.А.(39) од Република Труција од страна на полицски службеници. При пасошка контрола било констатирано дека шпанската шенген виза и британската виза во неговиот пасош биле фалсификувани.

Лицето било предадено на полициски службеници од Отсекот за прекуграничен криминал при регионалниот центар за гранични работи Север за понатамошна постапка се вели во соопштението на МВР.