Уапсен маж на аеродромот во Скопје, бил баран по потерница за издржување затворска казна

Вчера во 20.20 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје полициски службеници го привеле 57-годишниот Е.Ш. од Скопје, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна, извести МВР.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.