Во организација на Спортското радио 90.3 фм, од утре до недела ќе се одржува јубилејниот 25-ти „Турнирот во мал фудбал на медиумите 2017“.

Токму затоа годинашното мото на овој турнир е „Квалитетен училишен спорт за здрава младина“, со што покрај  натпреварите за медиумите, дел од турнирот ќе бидат училишни и младински екипи кои се натпреваруваат во системот на Фудбалската федерација на Македонија. Во ревијалниот дел на турнирот, покрај мечот меѓу екипата составена од припадничките на македонската музичка естрада против новинарките, интересен ќе биде и дуелот на спортски легенди од Скопје и Битола. 

Инаку, 12-те екипите ќе бидат поделени во четири групи, од кои пласман во следната фаза нема да обезбеди само последно пласираниот тим.

Во А група ќе играат: Спортско радио 90.3 ФМ, Канал 5 телевизија и Сити Радио. Конкуренцијата во Б групата ја сочинуваат: ТВ Сител, РТВ Велес и ТВ Нова. 

МРТВ, заедно со Сител 3 и ТВ 24 ќе се натпреваруваат во Ц групата, додека во последната Д група ќе играат Македонската Информативна Агенција (МИА) , Алсат М и ТВ 21. 

Првите натпревари стартуваат утре (среда 20.12.2017) во малата сала на СЦ „Јане Сандански“, а влезот во салата оваа година ќе биде бесплатен.