Тракторска несреќа во радовишко: Загина 73-годишник

 

73-годишник од радовишко загина откако трактор излетал од патот. 

На 03.04.2023 во 11.00 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на земјен шумски пат во атар на село Козбунар, радовишко, Л.К.(73) од село Штурово, радовишко, управувајќи трактор „имт“ со приколка, со радовишки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Од здобиените повреди, сопатникот Ј.А.(73) од Радовиш починал на местото, а смрт констатирал лекар од Здравствен дом Радовиш, додека возачот Л.К., поради здобиените повреди бил пренесен на лекување во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информираа од МВР. 

Увид на местото извршиле Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и екипа на Одделението за внатрешни работи Радовиш.