Тешко повреден тракторист во струмичко

На 25.04.2022 во 18:15 часот во СВР Струмица било пријавено дека во село Габрово, струмичко, трактор „ИМТ 533“ без регистарски ознаки, управуван од Б.В.(54) од село Габрово, излетал од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.В., констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.