Трагедија: Почина млад македонски фудбалер

Стефан Петровски, 18-годишниот голман на Мелака јунајтед, кого го удри гром им подлегна на повредите и почина во локална болница во Малака, град во Малезија.

Петровски е роден во Австралија, но има македонско потекло. Тој пред еден месец за време на тренинг беше погоден од гром заедно со неговиот соиграч Мухд Афик Азуа, кој помина со полесни повреди.

Иако првичните најави беа позитивни, сепак тој ја загубил битката.

„Со огромна тага соопштуваме дека Стефан Петровски почина. Нашите мисли се со неговата фамилија“, соопштија од  Мелака јунајтед, малезискиот клуб каде што настапуваше.