ТРАГЕДИЈА: Ненадејно почина една од најпознатите инструкторки по пилатес во Скопје

Сосема неочекувано рано утрово почина една од најпознатите инструкторки по пилатес во Скопје – Ирина Митевска (41), објави Телеграф.

Важеше за една од првите девојки што во Скопје го промовираа ваквиот начин на вежбање, а нејзиното искуство беше ценето од многу наши јавни личности, кои беа дел од нејзиниот тим.

Засега нема информации која е причината за смртта, но нејзините пријатели веќе се збогуваат од неа преку социјалните мрежи.

Инаку, Ирина беше самохрана мајка и зад себе остави шестгодишно синче.