Традиционална манифестација во Општина Илинден: „Подарете книга за Велигденско јајце"

На 25 април (четврток) 2019 година, во периодот од 10:00 до 14:00 часот Општина Илинден ја организира 13. традиционална манифестација "Подарете книга за велигденско јајце - симбол на Христовото воскресение".

Оваа оригинална и единствена од ваков вид манифестација, која истовремено ги обединува образованието, културата, уметноста, традицијата и религијата ќе се одржи во Домот на култура "Илинден", во населба Илинден.

Секој посетител на манифестацијата што ќе подари книга за возврат ќе добие црвено Велигденско јајце. 

Книгите што ќе се соберат ќе бидат наменети за Општинската библиотека Илинден и библиотеките во основните училишта.