Тијана Дапчевиќ има забрана на српски „Пинк“?!

Балкански популарната пејачка Тијана Дапчевиќ, која е со потекло од Скопје, доби забрана од српската телевизија „Пинк“. Челниците на популарната музичка телевизија решија да ја „тргнат“ од нивната програма, поради тоа што Тијана решила да потпише договор со конкурентската продукциска куќа „Гранд“. 

По полни 15 години соработка со телевизија „Пинк“ и нивната продукција „Сити Рекордс“, Тијана е забранета на „Розевата“ телевизија. Тијана потпишала договор со „Гранд“ односно издавачката куќа „Поп мјузик“, што предизвикало револт кај челниците на „Пинк“.

Според Тијана, ваквата одлука е шокантна, бидејќи нивната соработка, која била одлична, траела уште до 2001-ва, а особено начинот на кој дознала за истата. Имено, на некој настан, новинар на „Пинк“ и пришол и рекол дека радо би поразговарал со неа, но му било наредно веќе да не ја снимаат неа и да немаат било каков контакт, пренесува српски „Телеграф“. 
Тијана за сега не сака да ја коментира ситуацијата.